Паднаа берзите низ цела Азија, откако Федералните резерви на САД најавија дека ги намалуваат каматните стапки речиси до нула, со цел справување со кризата со коронавирусот.
Австралискиот клучен индекс падна речиси за десет проценти, додека Шангајскиот индекс и Коспи во Јужна Кореја паднаа за преку три проценти. Јапонскиот Никеи е понизок за 2, 5 проценти.
Пад на берзите има и во Европа, откако раноутрово, индексите во Лондон и Франкфурт дојдоа до под седум проценти.
Застој во глобалната економија има во речиси цел свет, откако САД и другите влади наредија нивните граѓани да бидат во карантин, да се затворат школите, рестораните, туристичките атракции и забавните настани, со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19, од кој досега во светски рамки се заразија повеќе од 169.000 луѓе, а починаа повеќе од 6.500.
Facebook Forum