Линкови за пристапност

Ратклиф – иден директор на националното разузнавање


Тој треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

Со 49 спрема 44, гласање по партиска линија, во Сенатот беше потврден конгресменот од Тексас Џон Ратклиф за следен директор на националното разузнавање на САД.

Тој треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

Ратклиф на распит во Сенатот
Ратклиф на распит во Сенатот

За време на распитот за потврдување на функцијата претходно месецот, Ратклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креирачите на политика, „фактографската вистина“, независно што сакаат да слушнат.

Сенатските демократи го критикува Ратклиф и изразија резервираност дали конгресменот од Тексас ќе може да ја остави настрана својата партиска реторика.

Една од главните грижи на демократите е како Ратклиф ќе се справи со заканите на ноемвриските претседателски избори.

Клучни официјални лица во сферата на разузнавањето, вклучувајќи го и поранешниот директор за Национално разузнавање Ден Коатс, предупредија неколкупати дека Русија планира да се меша во изборите, како што тоа го стори во 2016-та.

https://www.voanews.com/usa/us-security-chiefs-express-alarm-about-election-meddling https://www.voanews.com/usa/us-politics/us-seeks-impose-cost-election-meddling

Колку за споредба, првиот директор во администрацијата на претседателот Трамп за национално разузнавање Ден Коатс, поранешен амбасадор на САД во Германија, беше потврден со 87 спрема 12 гласови.

Последниот директор за национално разузнавање на поранешниот претседател Барак Обама, Џејмс Клапер, ветеран во разузнавањето, во Сенатот беше потврден со гласовите од сенаторите од двете партии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG