Републиканскиот сенатор Марко Рубио е назначен за привремен претседавач со Сенатската комисија за разузнавање.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, го постави законодавецот од Флорида на местото на Ричард Бур од Северна Каролина, кој е под истрага за продажба на акции од милиони долари во февруари, недели пред пандемијата на коронавирус да ги погоди глобалните берзи.
Бур се повлече од функцијата минатата недела, откако Федералното истражно биро (ФБИ) му го заплени телефонот како дел од истрагата.
Поголем дел од кариерата во Сенатот Рубио ја помина фокусирајќи се на надворешната политика, како член на Комисиите за разузнавање и за надворешни работи.
Рубио, кој во 2016 година беше во трка за претседател на САД, во моментов е претседавач и со Сенатската комисија за мали бизниси и претприемништво, која имаше клучна улога во носење на легислативата за помош на американските бизниси погодени од пандемијата.
Facebook Forum