„Државата е должна да им ја пружи неопходната здравствена заштита на сите граѓани“, порача претседателот Пендаровски по завршувањето на двочасовната седница на Советот за безбедност на кој главна точка беше справувањето со ковид-19. Земјата, според шефот на државата, ја поминува најтешката фаза од пандемијата, а здравствените капацитети се оптоварени до максимум. Затоа, побарано е да се користат сите расположиви ресурси, особено што од утре започнува масовната вакцинација. Пендаровски бара во процесот на имунизација да нема прекин.
Утре почнува имунизацијата, побарав да се одвива операцијата како што треба и да продолжи до целосна имунизација, не смее да има прекин. Тоа не е само мое, туку барање и на граѓаните.Пендаровски, претседател на Северна Македонија
„Утре почнува имунизацијата, побарав да се одвива операцијата како што треба и да продолжи до целосна имунизација, не смее да има прекин. Тоа не е само мое, туку барање и на граѓаните. Сликите кои ги гледавме во Србија викендов не смеат да се повторат. Благодарност до Србија, но тоа е срам за земјава. Државата мора да најде начин тука да ги вакцинира своите граѓани.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.
Проценките се дека, барем засега, ќе нема потреба од дополнително ангажирање на армијата во процесот на вакцинација. Шефот на државата апелираше до приватните здравствени установи, во оваа ситуација, да се откажат од профитот за своите услуги да ги направат достапни за сите. Побара гражаните да ги почитуваат мерките на заштита, а истото го очекува и од сите политичари.
Пендаровски го радува вчерашниот компромис меѓу власта и опозицијата околу неколкуте клучни прашања, особено за пописот.
Дозволете да го поздравам договорот меѓу власта и опозицијата за одложување на пописот.Пендаровски, претседател на Северна Македонија
„Дозволете да го поздравам договорот меѓу власта и опозицијата за одложување на пописот. Со вакцинацијата ќе се создадат услови да се спроведе оваа операција и никој да не се сомнева во нејзината легитимност“ изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.
Претседателот предупреди дека доколку вакцинирањето на населението не се одвика како што треба, јавно ќе ги посочи одговорните. На денешната седница било договорено целиот државно-владин врв и именуваните функционери да имаат ист третман во имунизацијата како и сите граѓани – самите да се пријават во системот и да бидат вакцинирани кога ќе им дојде редот.
Facebook Forum