Линкови за пристапност

Пописот одложен – Заев и Мицкоски постигнаа договор


Пописот одложен – Заев и Мицкоски постигнаа договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Позитивен епилог донесе денешната средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски. Премиерот и лидерот на опозициската партија се договорија за неколку клучни прашања – поради пандемијата пописот ќе се одложи, наместо во април ќе се одржи во септември, тоа ќе повлече и поместување на локалните избори – за втората половина на октомври, ќе има измени и во изборниот законик за да се овозможат терминали-читачи на отисоци на прсти, како и можни измени на изборниот модел.

„Постигнавме договор поради имунизацијата да го одложиме пописот од 5 до 30 септември, а ќе се одложат и изборите. Ќе продолжи попишувањето на дијаспората, а повикувам и граѓаните во земјава да го поддржат пописот кој сега ја има поддршката и на најголемата опозициска партија“ изјави премиерот Зоран Заев.

Заев и Мицковски договорија и деблокада на работата на парламентот кој подолг период не е функционален поради неможноста да се обезбеди кворум.

„Се согласивме ВМРО-ДПМНЕ да работи во рамките на парламентот заеднос со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на ЕУ-реформата, како и закони за поддршка на граѓаните, економијата, справувањето со пандемијата... Тоа што сега е закочено, се согласивме сега да се откочи, заедно власта и опозицијата сите закони кои се донесуваат на реформсиот процес да бидат завршени“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Двајцата лидери разговарале и за престојниот процес на имунизација на граѓаните кој треба да стартува в среда. Заев му пренел на Мицковски дека во април се очекува поголема количина вакцини – околу 350.000 дози, а потоа и во мај околу - 2 милиони дози што би биле доволни за поголем дел од населелнието... За здравствената ситуација во земјава, за која надлежните велат дека е алармантна, утре ќе расправа и Советoт за безбедност на кој претседателот Пендаровски го повика и министерот за здравство.

XS
SM
MD
LG