Линкови за пристапност

Русија патентираше вакцина против Ковид-19 за домашни миленици


Вакцината обезбедува имунитет за до шест месеци, и нејзиното производство ќе почне во следните недели.

Русија објави дека ја произвела првата вакцина против Ковид-19 за животни и ја патентираше. Официјални лица ја нарекоа Карнивак-Ков“, ѝ оценија дека е победа во глобалната трка за заштита на животните и човекот од понатамошни мутации на коронавирусот.

„Клиничките истражувања на „Карнивак-Ков“, кои почнаа на крајот од октомври, беа спроведувани врз мачиња, кучиња, лисици и други видови на животни“, изјави Константин Савенков, заменик-шеф на Роселкознадзор, руска агенција за земјoделство и ветеринарство, во соопштение при објавувањето ја вакцината:

https://fsvps.gov.ru/fsvps/news/40799.html

„Резултатите ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна, и обезбедува голем процент на имунитет кај животните со 100% на коронавирус, додаде Савенков.

Тој истакна дека вакцината обезбедува имунитет за до шест месеци, и нејзиното производство ќе почне во следните недели.

Објавата од Русија доаѓа само еден ден откако Светската здравствена организација, издаде извештај во кој го истражуваше потеклото на Ковид-19 во Кина. Иако извештајот не понуди цврсти заклучоци за изворот на вирусот кај животните, сугерираше дека најверојатно дошол од лилјак.

САД изразија резервираност затоа што некои американски официјални лица веруваат дека кинеската влада се обидела да сокрие наводи за извештајот.

Научниците алармираа дека вирусот може да мутира кај други животни и евентуално, повторно да го зарази човекот.

Минатиот ноември, Данска уништи 15 милиони ласици откако мутирана форма на вирусот Ковид-19 беше откриен во повеќе од 200 фарми во оваа земја.

Рускиот ветеринар Савенков наведе дека новата руска вакцина првично е наменета за заштита на домашните животни и животните кои се одгледуваат на фарми, како и луѓето кои што имаат контакт со нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG