Линкови за пристапност

СЗО денес ќе го објави извештајот за потеклото на ковид-19


Според американските медиуми, кои објавија детали од нацрт-извештајот, можноста вирусот да излегол од лабораторија била екстремно неверојатна

Денес се очекува да биде објавен извештај за потеклото на коронавирусот, а според американските медиуми кои дошле до нацрт-извештајот, пандемијата најверојатно се раширила од лилјаци на човек, преку друго животно.

Можноста вирусот да излегол од лабораторија е екстремно неверојатна, се заклучува во извештајот.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека го добил извештајот во текот на викендот, но, одби да ги потврди деталите до кои дошле дел од медиумите, меѓу кои Асошиетед прес, кој прв го објави извештајот.

СЗО испрати меѓународен тим во Кина на почетокот на годината да го истражи потеклото на вирусот. Сепак, критичарите велат дека резултатите од истражувањето се лимитирани, бидејќи Кинеската влада одлучувала што може да видат научниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG