Владата го овласти министерот за здравство да го потпише договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина. Додека се договараат деталите за оваа, се уште траат бирократските процедури за другите две вакцини – на американски „Фајзер“ и на кинески „Синофарм“.
Венко Филипче денеска само кусо информираше дека „се надева дека во следните денови ќе за знаат конкретните датуми кога ќе пристигнат вакцините од „Фајзер“ и „Синофарм“. Паралелно со потрагата по вакцини, се забележува нагорен тренд на новозаразени од ковид-19 за што причината се гледа во проширувањето на „британската мутација“.
Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува.Филипче, министер за здравство
„Навистина има зголемување на бројот на заболени. Во овој момент се уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ каде што се врши анализа на примероци за да се утврди колку од новите случаи се поврзани со британската мутација. Но, податоците од лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“ покажале дека тој е присутен во 70 проценти од случаите регистрирани во овој период. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува. “, изјави Венко Филипче, министер за здравство на Северна Македонија.
Филипче уверува дека иако се зголемува бројот на хоспитализирани граѓани, легла во болниците има доволно. Институциите се подготвени, ако треба, да ги заострат рестриктивните мерки.
Во делот на мерките, дефинитивно е можно, но засега не. Гледаме и пратиме дали овој тренд ќе продолжи вака до тој степен пак да се преоповарат болниците.Филипче, министер за здравство
„Во делот на мерките, дефинитивно е можно, но засега не. Гледаме и пратиме дали овој тренд ќе продолжи вака до тој степен пак да се преоповарат болниците. Бидејќи такво нешто засега нема, но не ја исклучувам ваквата можност.“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Околу 180.000 граѓани со возраст над 70 години и со хронични болести се регистрирани во системот „Мој Термин“. Од нив, околу 50.000 веќе се пријавиле за вакцинирање. Процесот на имунузација, засега, го опфаќа само медицинскиот персонал кој директно работи со ковид пациенти. Планот е за десетина дена да се вакцинираат сите 4000 здравствени работници кои спаѓаат во оваа група. Засега само толку вакцини и има во земјава – 8190 дози што дојдоа од Србија. Другите, се уште се чекаат.
Facebook Forum