Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека еден на секои десет пациенти со ковид-19 се чувствува болен 12 недели по заразување со вирусот, и ги повика здравствените власти да ја сфатат оваа ситуација сериозно.
СЗО денес објави како различни држави во регионот се справуваат со пациентите кои имаат дологорочни последици од ковид-19, меѓу кои тешка малаксаност, болка во градите, главоболка, заборавеност, депресија, изгубен осет за мирис, висока темература и дијареа.
Според достапните податоци, едно на секои четири лица со ковид-19 има симптоми еден месец откако било тестирано позитивно.
СЗО вели дека е важно властите да ги земат предвид долгорочните последици од ковид-19, како дел од стратегијата за справување со пандемијата.
Facebook Forum