Линкови за пристапност

Руски дисиденти бараат поцврсти мерки против Путин


Западните сили го обвинуваат официјален Кремљ за мешање во изборите во САД и Европа, ширење кампања со дезинформации за поделба во членките на НАТО.

Руски дисиденти го повикаа Западот да преземе поцврсти мерки против рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека во интерес на меѓународната заедница е да усвои поенергична стратегија против Кремљ, или во спротивно ќе плати повисока цена подоцна.

Спроти одржувањето на Самитот на Г-7 во Корнвел, Англија, и како и спроти одржувањето на средбата меѓу Џо Бајден и Владимир Путин во Женева, опонентите на рускиот претседател бараат посеопфатна стратегија на Западот за да го казни Кремљ за интензивирањето на згаснувањето на гласот на дисидентите и опозицијата во Русија и обидот да ја дестабилизира западната Алијанса.

„Задачата да се смени нешто во Русија е на грбот на Русите. Тоа е важно, но е опасно“, вели Владимир Ашурков, извршен директор на анти-корупциската Фондација, основана од затворениот критичар на Путин, главниот опозиционен лидер Алексеј Навални.

„Западните држави треба да го зголемат притисокот врз Кремљ за неговите обиди за дестабилизирање на западниот политички и социјален ред и поредок“, изјави Ашурков.

Социјалните медиуми се лесна мета за дезинформации од Русија, предупреди Санда Светока од НАТО центарот за стратешки комуникации
Социјалните медиуми се лесна мета за дезинформации од Русија, предупреди Санда Светока од НАТО центарот за стратешки комуникации

Западните сили го обвинуваат официјален Кремљ за мешање во изборите во САД и Европа, ширење кампања со дезинформации за поделба во членките на НАТО.

Исто така се обвинува Москва, зголемени кибернетски напади, како и организирање и спроведување атентати врз моќни Руси, кои се пребегани во Европа, и живеат во егзил, а кои биле жестоки критичари на Путин.

Кремљ ги негира обвинувањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG