ВАШИНГТОН —
Во краткото соопштение на портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за средбата помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателот Владимир Путин од Русија стои:
Претседателот Џо Бајден ќе се состане со претседателот Путин во Женева, Швајцарија на 16-ти јуни 2021-ва година. Лидерите ќе разговараат за целиот спектар на итни прашања, бидејќи сакаме да ги вратиме предвидливоста и стабилноста на односите САД-Русија.
Средбата беше и претходно најавувана, но без конкретен датум. За повеќе информации од Белата куќа најавија подоцна во текот на денот.
Facebook Forum