Хакери од руската воена разузнавачка единица, ГРУ, наводно целеле врз украинската енергетска фирма која е поврзана со процедурата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Експерти за кибернетска безбедност со седиште во Калифорнија од Area 1 Security објавија извештај дека Барисма холдингс, каде синот на поранешниот потпретседател и претседателски кандидат Џо Бајден бил во Бордот, била хакирана повеќепати, при што биле пробиени информации за вработени .
Нејасно е дали бил украдени информации до компанијата, или биле на некаков начин валоризирани информации, и која била крајната цел на хакерите.
Хантер Бајден, синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден, бил член на Бордот на Барисма од 2014-та до лани.
Трамп побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да „провери“ за наводните обвинувања поврзани со семејството Бајден и енергетската фирма во телефонскиот разговор на 25-ти јули меѓу двајцата претседатели. Нивната конверзација протече преку свиркач во Кабинетот на Белата куќа и предизвика истрага за импичмент, која почна во септември.
Американскиот претседател Доналд Трамп е обвинет за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот во Претставничкиот дом каде мнозинство имаат демократите. Денеска треба да се гласа за тајмингот кога да бидат испратени обвиненијата за импичмент во Сенатот кој е под контрола на републиканците.
Нема докази за корупција ниту за Хантер, ниту за Џо Бајден, по обвинувањата од личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани дека поранешниот потпретседател барал да го заштити неговиот син со притисок врз украински официјални лица.