Рускиот милијардер Михаил Прохоров најави дека ќе го предизвика Владимир Путин на претседателските избори во земјата.
Тој е е еден од најбогатите Руси и главен сопственик на кошаркарскиот тим Њу Џерси Нетс од НБА-лигата. 46-годишниот Прохоров самиот е со кошаркарска висина од 203 сантиметри. Го создал богатството во банкарството и металната индустрија. На неговата официјална Интернет страница пишува дека „доживеал голем успех на глобално ниво во бизнисот со финансии и природни ресурси“.
На листата на најбогати луѓе во светот на магазинот Форбс за 2011-та, овој ерген го зазеде 32-рото место со богатство што се проценува на 18 милијарди долари.
Претседателските избори во Русија ќе се одржат во март следната година.