Линкови за пристапност

Повик за протести додека здравјето на Алексеј Навални се влошува


Опозицијата најавува жесток одговор

Поддржувачите на рускиот опозиционен политичар кој се наоѓа во затвор Алексеј Навални, најавија масовни протести за среда – откако неговите лекари и семејството објавија анализа на неговата крв дека има голем ризик за срцев удар или престанок на работата на бубрезите зашто му е ускратено правото за итна нега.

Планираните протести се совпаѓаат со истиот ден кога претседателот Владимир Путин треба да го одржи годишното обраќање до нацијата надвор од Кремљ, планирано за среда. Ваквиот развој на настаните ја зголеми напнатоста меѓу поддржувачите на Навални и полицијата во главниот град Москва.

Главниот стратег на Навални, Леонид Волков ги најави протестите на ЈуТјуб, и вели дека истекува времето.

„Тие го убиваат Алексеј Навални. Ужасно е што се случува пред нашите очи“, изјави Волков.

За време на викендот, лекарите на Навални, изјавија дека резултатот од неговата анализа на крвта покажа дека нивото на калиум е „критично“.

https://twitter.com/DrAnastasy/status/1383351439389466644

„Тоа значи дека сериозни срцеви проблеми може да се случат во секое време, секој момент“, се вели во писмото од личниот лекар на Навални, Анастасија Василиева.

44-годишниот Навални веќе се наоѓа во трета недела во штрајк со глад во обид да добие медицински третман. Тој отслужува две и пол годишна казна затвор на 100 километри од Москва.

Во петокот, опозициониот лидер изјави дека затворските власти му се заканите дека ќе го принудат да јаде.

Со недели, Навални се жали на акутна болка во грбот, при што почнува да не ги чувствува рацете и нозете.

Тој инсистира дека ваквите тегоби се поврзуваат со нападот со нервен агенс во август 2020-та, кога што речиси ќе го загубеше животот.

Западните влади тврдат дека зад обидот за негово убиство стои руската влада. Кремљ негира, но одбива да го истражи неговото труење.

Навални на судски распит
Навални на судски распит

„Во моментов, Навални, умира“ напиша неговата портпаролка Кира Јармуш на Фејсбук. „Од викендот неговите адвокати немаат пристап до него, и никој не знае што ќе се случи со него во понеделник“, напиша Јармуш.

https://www.facebook.com/kira.yarmysh/posts/4369168466476652

САД и ЕУ бараат ослободување на Навални и воведоа санкции врз виши руски официјални лица.

Во неделата, советникот за национална безбедност Џејк Саливан за Си-Ен-Ен, изјави дека „ќе има последици, ако Навални, почине“.

Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден го нарече третманот од Кремљ на Навални „целосно нефер и несоодветен“.

Официјален Кремљ ги отфрли барања и критиката од Западот и санкциите ги окарактеризира како обид за мешање во внатрешните работи на Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG