САД најавија санкции против Москва за наводно хакирање, мешање во изборите и други малигни активности.
Претседателот Џо Бајден го информираше рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на неделава, и го повика на средба оваа година во Европа.
„Кога САД имаат интерес да соработуваат со Русија, треба и ќе соработуваме. Кога Русија ги нарушува интересите на САД ќе одговориме. Секогаш ќе стоиме во одбрана на нашата држава, институции, граѓани и сојузници“, рече Бајден.
САД протераа десет руски дипломати и 32 субјекти и лица, наводно вмешани во напорите на Москва да влијае на претседателските избори во 2020 година, за да му помогне на Доналд Трамп да победи.
Во исто време, администрацијата вели дека сака да ги стабилизира односите со Русија.
Првпат, Вашингтон ја обвини Москва и за сајбернападите на „Соларни ветрови“.
Кремљ ги негира овие обвинувања, најавувајќи дека одговор на санкциите е неизбежен.
Facebook Forum