Линкови за пристапност

САД и ЕУ ги критикуваа парламентарните избори во Русија дека не биле ниту фер ниту слободни


„Понатаму, не го признаваме одржувањето на изборите за руската Дума на суверената украинска територија и ја повторуваме безусловната поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, објави Стејт департментот.

САД оценија дека законите против екстремизмот во Русија ги спречија опозиционите партии да имаат фер можност на гласачките кутии на парламентарните избори.

„Користењето на законите од руската влада за „екстремистички организации“, „странски агенти“, „непосакувани организации“ сериозно се одразило врз политичкиот плурализам и ги спречиле руските граѓани да ги практикуваат нивните граѓански и политички права“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Понатаму, не го признаваме одржувањето на изборите за руската Дума на суверената украинска територија и ја повторуваме безусловната поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, додаде Прајс.

Партијата на долгогодишниот претседател Владимир Путин тврди дека извојувале убедлива победа на изборите, додека многу политичари коишто го поддржа опозициониот лидер Алексеј Навални кој се наоѓа во затвор, им беше забрането да учествуваат на изборите.

Британија исто така објави дека забраната за опозиционите политичари да влезат во трката, или заплашување на гласачите, не е во согласност со руската определба кон фер и слободни избори.

Во самата Русија, многу кандидати од партии кои не се коалиција со Обединета Русија, тврдат дека изборите била лажирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG