Линкови за пристапност

Дипломатски инцидент со протоколот го покрена прашањето за еднаквоста на половите


Претседателката на ЕК доби третман на дипломат од низок ранг во Анкара.

Прашањата за еднаквоста меѓу половите добија нова светлина во фокусот во Брисел еден ден откако Урсула фон дер Лејен, една од најмоќните извршни политичари во ЕУ, беше третирана како дипломат од втор ранг при посетата на Анкара, објави Асошиејтед прес.

Агенцијата пренесе дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и првиот човек на Европскиот совет Чарлс Мајкл, беа во посета на Турција на разговори со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, каде фокусот беа односите меѓу ЕУ и официјална Анкара. ТВ-камерите покажаа дека во големата канцеларија каде се одвиваа разговорите имаше само две столчиња за тројцата лидери, со знамиња на ЕУ и Турција.

Претседателката на ЕК дава изјава за медиумите во Анкара
Претседателката на ЕК дава изјава за медиумите во Анкара

Мајкл и Ердоган седнаа, а Лејен стоејќи изрази видно незадоволство и разочараност од чинот. Таа подоцна седна на голема софа, но оддалечена од нејзините колеги од спротивниот пол.

Според изворите на ЕУ, средбата меѓу тројцата траела два и пол часа.

„Важно е дека претседателката требаше да има исто столче и да биде соодветно третирана како претседателот на Европскиот совет и турскиот претседател“, изјави портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер.

Тој додаде дека дер Лејен одлучила да продолжи состанокот со приоритет на содржината, а не на протоколот, но побара од нејзиниот тим да преземе соодветни контакти со цел да не се случи ваков инцидент во иднина.

Тој додаде дека нејзиниот тим за протокол од ЕУ не патувал со неа во Турција поради протоколите со пандемијата со коронавирусот.

Засега нема реакција за дипломатскиот инцидент со протоколот од Европскиот совет и од Кабинетот на претседателот Ердоган.

Фон ден Лејен не доби ист третман како нејзините колеги од спротивниот пол
Фон ден Лејен не доби ист третман како нејзините колеги од спротивниот пол

Дипломатскиот инцидент брзо се прошири по социјалните медиуми. Европската пратеничка Софи Велд сподели фотографии од средби на претходниците на Мајкл и Лејен со турскиот претседател, каде се гледа како тројца мажи во костуми, седат на столици, еден до друг.

“Не се работи за коинциденција. Ова беше намерен акт“ напиша Велт на Твитер и го покрена прашањето зошто Мајкл го „премолчи“ гестот.

Минатиот месец, Ердоган ја повлече Турција од Европската конвенција за борба против жените, при што предизвика жестоки критики од официјални лица од ЕУ. Ваквиот потег од Ердоган се толкува како удар врз движењата за заштита на жените, а домашното насилство и убиствата врз жените во оваа земја се во пораст.

Фон дер Лејен го повика Ердоган да ја повлече одлуката за повлекувањето од Истанбулската конвенција.

„Почитувањето на човековите права не се предмет на преговори. Ние сме јасни околу тоа прашање. Ја повикуваме Турција да ја преразгледа одлуката, зашто конвенцијата е прв меѓународен обврзувачки механизам да се застане против насилството врз жените и децата“, рече таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG