Линкови за пристапност

Првата дама на САД Меланија Трамп се обрати на републиканската конвенција


Тонот на говорот на првата дама на САД на републиканската конвенција беше поинаков од вообичаено политичката реторика од првите две ноќи од четири-дневната конвенција

Првата дама Меланија Трамп изрази разбирање за стотици илјади Американци кои што се погодени од пандемијата со коронавирусот, што е поинакво гледиште од нејзиниот сопруг, претседателот Трамп, којшто честопати го минимизира влијанието од вирусот и има изјавено дека ќе исчезне.

„Од март, нашите животи драматично се променија“, изјави првата дама во говорот од преуредената Градината на розите во Белата куќа.

„Моето најдлабоко сочувство оди кон сите што загубиле близок. Моите молитви се со оние кои се болни и кои страдаат“
Меланија Трамп, прва дама на САД

Тонот на говорот на првата дама на САД на републиканската конвенција беше поинаков од вообичаено политичката реторика од првите две ноќи од четири-дневната конвенција, кога поддржувачите на Трамп жестоко го нападнаа демократскиот предизвикувач Џо Бајден, истовремено поздравувајќи го начинот на кој претседателот се справува со пандемијата која има опустошувачки ефект врз економијата.

Првата дама на САД изрази благодарност до здравствените работници коишто лекуваат милиони луѓе заразни од Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG