Линкови за пристапност

Републиканците ја почнаа националната конвенција во Шарлот; централна фигура претседателот Трамп


Неделава со серија настани во живо, но и виртуелно

Партиските делегати денеска во Шарлот, Северна Каролина, ја почнуваат неколкудневната конвенција, на која ќе го номинираат и официјално Доналд Трамп за изборите во ноември. Претседателот планира да се обрати на четири вечери од конвенцијата, а се предвидува да го донесе говорот за прифаќање на номинацијата – од Вашингтон.

Републиканските делегати почнаа да се собираат во Шарлот, Северна Каролина за да го номинираат претседателот Трамп како нивни кандидат којшто треба да го порази поранешниот потпретседател Џо Бајден на ноемвриските избори. Во време кога Трамп се соочува со забавена економија поради Ковид-19, протести за социјална и расна неправда и критика за одговорот на неговата администрација кон пандемијата со коронавирусот кој усмрти 176.000 Американци, шефот на Кабинетот на Белата куќа Марк Медоус ја поздрави беспрекорната работна навика на неговиот претпоставен во аргументирање дека треба да добие втор мандат. „Претседателот, не само што е подготвен секој ден, туку прави повеќе од било кој негов претходник во заложбата за туркање напред на клучните агенди во интерес на американскиот народ“, изјави Медоус.

336 од 2400 републикански делегати од денеска се во Шарлот, Северна Каролина, а потоа Републиканската партија со конвенциите, се префрла на виртуелни локации.

И други членови од семејството на Трамп, ќе бидат меѓу говорниците неделава, вклучувајќи ја и првата дама Меланија Трамп. Претседателот се очекува да се обраќа пред ентузијастичкиот број на делегати, секоја вечер, а во четврток треба да ја прифати номинацијата да биде на републиканското ливче на изборите во ноември, од Белата куќа, од каде се очекува да го донесе говорот – зашто треба да добие доверба уште четири години да ја води нацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG