Линкови за пристапност

Изненаденост, но и вознемиреност во Северна Македонија по најновата извршна наредба на американскиот претседател Бајден


Реакции по извршната наредба на Бајден
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Реакции по извршната наредба на Бајден

Владата вели дека ова е јасна порака од стратешкиот партнер на Северна Македонија – САД за оние кои ги блокираат процесите во земјата

Изненаденост, но и вознемиреност во дел од политичките кругови во земјава предизвика најновата извршна наредба на американскиот претседател Џо Бајден која се однесува на Западен Балкан. Со овој документ, САД официјално ја проширија и, како што се наведува, ја модернизираа листата со додавање и на Преспанскиот договор.

Вашингтон, всушност го продлабочи опфатот на санкции и против лица и субјекти кои се противат на Договорот со Грција со кој во 2018 се стави крај на деценискиот спор за името. Влијанието на ваквата одлука е сериозно ако се има предвид дека одредени политички структури во земјава, вклучувајќи ја и најголемата опозициска партија, јасно кажаа дека не го прифаќаат Преспанскиот договор.

Денешните изјави од ВМРО-ДПМНЕ беа, во најмала рака, нејасни.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во подготовката и носењето на Преспанскиот договор, но ние сме легалисти и тој начин ќе го почитуваме во однос на договорот
Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ


„ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во подготовката и носењето на Преспанскиот договор, но ние сме легалисти и тој начин ќе го почитуваме во однос на договорот.“, вели Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Левица, пак, останува конзистентна – се противи и на Преспанскиот и на Охридскиот договор.

Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД
Соопштение од Левицата


„Извршната наредба на Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридски и Преспански договор е дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции – насилничка политика. Левица ќе продолжи да се спротивставува на сите штетни политики и договори кои се против националните интереси, воспоставени уште од АСНОМ“, се вели во соопштението на Левица.

Владата вели дека ова е јасна порака од стратешкиот партнер на Северна Македонија – САД за оние кои ги блокираат процесите во земјата.

Мислам дека ова е порака за сите оние коишто ги блокираат или сакаат да ги блокираат и кочат сите процеси во државата
Николовски, вицепремиер


„Граѓаните на Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и зад Охридскиот и зад Преспанскиот договор и тоа се темелите на овој нов пат, на ова модерно општество трансформирано по европски терк со стабилни меѓуетнички односи, ориентирано кон напредок, развој, интеграции. Мислам дека ова е порака за сите оние коишто ги блокираат или сакаат да ги блокираат и кочат сите процеси во државата.“, оцени Љупчо Николовски, вицепремиер.

Во наредбата на Бајден, која е надополнување на документите донесени во 2001, покрај оние што не го почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор подложни на санкции ќе бидат сите кои ја подриваат стабилноста и безбедноста на регионот, сериозно ги кршат човековите права и учествуваат во коруптивни процеси.

Американската администрација, како што се вели во соопштението на Белата куќа, ќе продолжи да се справува со предизвиците во овој регион.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG