Линкови за пристапност

Полицијата е во процес на идентификација и на другите членови на групата „Јавна соба“


Идентификација и на другите членови на групата „Јавна соба“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Идентификација и на другите членови на групата „Јавна соба“

Досега четворицата приведени...

Надлежните институции најавуваат забрзување на постапката за овој повторен скандал кој предизвика силна реакција на јавноста и се отворија низа прашања – дали државата е способна да ги заштити граѓаните во вакви ситуации. МВР најавува дека финишира во собирањето докази – проблем е што нема соработка од „Телеграм“, платформата каде и беше групата „Јавна соба“ во која се споделуваа фотографии и лични податоци од девојки..

Ние, во делот на „Јавна соба“, имаме 4 приведени лица, одземени се телефони и други електронски уреди кои ќе бидат вештачени – процес кој ќе заврши денес или најдоцна утре
Спасовски, министер за внатрешни работи


„Ние, во делот на „Јавна соба“, имаме 4 приведени лица, одземени се телефони и други електронски уреди кои ќе бидат вештачени – процес кој ќе заврши денес или најдоцна утре и ќе биде одставено до јавното обвинителство и секако дека се идентификуваат и други членови на оваа група. Хендикеп за истрагата е некомуникацијата на платформата „Телеграм“ – групата беше избришана, но нема никаква комуникација од страна на „Телеграм“ и тоа претставува тешкотија за изведување на доказите и од МВР и од обвинителството.“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски очекува сега обвинителството да преземе засилени напори за ефикасно решавање на овие случаи. Другите надлежни институции најавуваат системско справување со ваквите ситуации. „Подготвуваме измени на законската рамка со која ќе се зајкне гонењето на овие случаи врз основа на Истанбулската конвенција, но и поттикнати од овие случаи, за да го забрзаме процесот со воведување нови кривични дела – демнење и сексуално вознемирување“, информираат од мнинистертсвото за правда. Но, учесниците на вчерашниот протест порачаа дека и без законски измени институциите можат и мораат да делуваат…

Законските измени што ги најавувате се позитивни, но се задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“
Дрндаревска, Коалиција, Маргини


„Законските измени што ги најавувате се позитивни, но се задоцнети и не се неопходни за да се санкционираат сторителите на „Јавна соба“ и според постоечкиот кривичен законик „Јавна соба“ е кривично дело.“, изјави Драгана Дрндаревска, Коалиција, Маргини.

„Јавна соба“ првпат беше обелоденета во јануари минатата година. Беа преземени дејства, а предметот е сеуште во предистрага во обвинителството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG