Линкови за пристапност

Јавна осуда за „Јавна соба“


Протести за Јавна соба во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Протести за Јавна соба во Скопје

Учесниците во протестот побараа да се најде системски одговор на појавите како што е „Јавна соба“ – група на социјалните мрежи во која се споделуваат фотографии и лични податоци од девојки, често и малолетни.

„Ти не си виновна, ти не си виновна...“

Вака изгледаше протестот организиран од Платформата за родова еднаквост како израз на незадоволство од брзината и начинот на кој надлежните се справуваат со повторениот скандал „Јавна соба“...

Учесниците во протестот побараа да се најде системски одговор на појавите како што е „Јавна соба“ – група на социјалните мрежи во која се споделуваат фотографии и лични податоци од девојки, често и малолетни.

Одбивам да се срамам што постојам. Не мислам само на приведување на 4 предатори. Се ова мора да заврши...
Калиа Димитрова


„Одбивам да бидам задоволна со овие трошки што ни ги фрлаат и да се помирам со овие мизерни изговори. Одбивам да се срамам што постојам. Не мислам само на приведување на 4 предатори. Се ова мора да заврши... Буквално ни е смачено и не планираме да замолчиме се додека сите од нас не е слободна.“ изјави Калиа Димитрова.

Меѓу учесниците на протестот беше и Ана, девојката која јавно и без криење проговори за случувањата во „Јавна соба“ каде беше искористена нејзина фотографија и податоци.

„Ова нека биде почеток на големи промени што ќе се следат во ова општество. нека се донесе законот, нека се остручат институциите, за наше и за добро на генерациите што доаѓаат...“

Министерството за правда најави измени во Кривичниот законик со кои треба да се воведат две нови дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување“ со кои кривично ќе се гонат оние кои се администратори на ваквите групи на социјалните мрежи и оние кои споделуваат фотографии и податоци на други лица.

Во изминатите денови беа приведени четворица членови на „Јавна соба“, а нивните телефони се дадени на вештачење. Скандалот „Јавна соба“ првпат беше обелоденет во јануари минатата година – случајот дојде до предистрага, фаза во која се уште се наоѓа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG