Линкови за пристапност

Хаотично примарно гласање во Џорџија


Пандемијата со коронавирусот придонела за зголемување на хаосот, со што најмалку 1,2 милион гласачи гласале по пошта наместо да чекаат во редици и да бидат под опасност да се заразат.

Хаотичниот изборен ден за примарното гласање во југоисточната сојузна држава Џорџија ги засени другите избори во неколку држави во САД за избор на кандидатите спроти претседателскиот избори во ноември.


Хаосот во Џорџија беше комбинација од компјутеризирани гласачки машини коишто или не функционираа или не стасаа на време да бидат распоредени по гласачките места. Волонтерите не знаеле како да оперираат со машините и се појавил недостиг од гласачки ливчиња. Тоа резултирало граѓаните да чекаат со часови во редица да гласаат, а чекањето продолжило и во ноќните часови. Многу гласачи се откажале од намерата да гласат, и заминале дома.

Пандемијата со коронавирусот придонела за зголемување на хаосот, со што најмалку 1,2 милион гласачи гласале по пошта наместо да чекаат во редици и да бидат под опасност да се заразат. Пандемијата водела и до намален број на волонтери, и затоа изборни власти морале да ја намалат бројката на гласачки места.

Синоќа се гласаше и на примарните избори во Невада, Јужна Каролина, Северна Дакота и Западна Вирџинија. Многу сојузни држави исто така испратија гласачки ливчиња по пошта до граѓаните кои сакаат да избегнат да бидат заразени со Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG