Претседателот Стево Пендаровски упати честитка за новоизбраните претседател и потпретседателка на Соединетите Држави.
„Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско - американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата“ напиша Пендаровски на Фејсбук.
Честика упати и премиерот Зоран Заев.
„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“ напиша Заев на Твитер.