Линкови за пристапност

Фајзер потпиша договор за производство на експериментално апче против Ковид-19


Фајзер објави дека потпишале договор со компанијата Медисинс Патент Полс (Medicines Patent Pool’s ) од Женева за да го направи апчето достапно за сиромашни и земји со ниски примања, што сочинуваат 53% од светската популација.

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер потпиша договор со медицинска групација за јавно здравје поддржана од ОН да авторизира компанија за генерички лекови да произведе експериментално апче против Ковид-19 за 95 држави во светот.


Фајзер објави дека потпишале договор со компанијата Медисинс Патент Полс (Medicines Patent Pool’s ) од Женева за да го направи апчето достапно за сиромашни и земји со ниски примања, што сочинуваат 53% од светската популација.

Претходно Фајзер веќе објави дека апчето ги намалува ризиците за хоспитализација и смрт за речиси 90% кај луѓето со умерени симптоми на коронавирус. Независни експерти го поздравија истражувањето на Фајзер поради охрабрувачките вести.

Договорот за производство на апчето е постигнат и пред да биде одобрено, што ја засилува надежта дека пандемијата со коронавирусот наскоро може да биде искоренета.

„Ова е мошне значаен чекор затоа што апчето кое најверојатно е ефикасно ќе биде достапно за повеќе од 4 милијарди луѓе“, изјави Естабан Буроне од Медисинс Патент Полс (Medicines Patent Pool’s ).

XS
SM
MD
LG