Линкови за пристапност

Снимките од мобилни телефони покажуваат зголемен расизам во САД


Последните инциденти покажуваат дека ако не беа снимени од случен минувач, можеби ќе поминеа незабележано

Од смртта на Афроамериканец во Минеаполис, па се до расниот инцидент во Централ парк во Њујорк, камерите на мобилните телефони наголемо се користат како оружје против расизмот, дури и кога правдата не секогаш стигнува навреме, јави А-Еф-Пе.

Протести во Њујорк
Протести во Њујорк

Двете видеа за инцидентите снимени преку мобилен телефон од случаен минувач и проширени преку социјалните медиуми неделава, можеа да минат незабележано.

Во првото видео беше снимен Афроамериканецот Џорџ Флојд како лежи на земја и се мачи за воздух поради коленото врз глава од бел полицаец во Минеаполис. Подоцна Флојд беше прогласен мртов во болница. Четворицата полицајци се отпуштени, но се на слобода во време кога градот е сведок на гневни протести два дена по ред.

Немири во Минеаполис
Немири во Минеаполис

„Ако не се појавеше видеото, дали полицајците ќе беа отпуштени толку брзо“? - праша директорот на Американскиот универзитетот во Одделот за антирасистички истражување.

Во вториот инцидент, бела жена лажно ја информирала полицијата за Кристијан Купер, дека тој барал таа да го шета врзано кучето по Централ парк.

„Ќе им кажам дека еден Афроамериканец ми се закани по животот“. Снимената дојава е погледната на Твитер, 43 милиони пати.

Кетрин Расел – Браун, директорка на Центарот за истражување на расните односи при Универзитетот Флорида, изјави дека снимените видеа преку мобилни телефони потсетуваат дека „Афроамериканците се поранливи на напади“.

Полицијата во Сент Пол користи солзавец да ја растера толпата
Полицијата во Сент Пол користи солзавец да ја растера толпата

Зголемениот број на камери на полициските униформи изминатата деценија ја зголемија надежта дека ќе има пад на прекумерната сила врз Афроамериканците.

Но, по првичните охрабрувачки вести, се повеќе извештаи пронајдоа дека камерите не ги намалуваат инцидентите со прекумерна употреба на сила, како што се очекуваше, вели истражувачот Даниел Лоренс од Институтот Урбан.

„Полицајците се отпуштени“, вели Расел Браун, алудирајќи на инволвираните во смртта на Флојд.

„Дали е доволно? Не. Има мртов човек во целата ситуација. Сакаме правниот систем да продолжи до крај со истрагата“, коментира Расел Браун.

XS
SM
MD
LG