Линкови за пристапност

Помошта допре до најпогодените на Филипините


Американската влада најави дополнителна помош од 10 милиони долари, со што вкупно досега одвои 37 милиони

Хуманитарната помош почна да пристигнува во најтешко достапните области на централниот дел на Филипините што беше опустошен од тајфунот Хаијан.

Хеликоптери на американската армија доставија храна, вода и други намирници до селаните на островот Лејти и други зафрлени, тешко погодени места. Носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ служи како база на хеликоптерската мисија.

Американската влада најави дополнителна помош од 10 милиони долари, со што вкупно досега одвои 37 милиони.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните операции (ОЦХА) соопшти дека хуманитарните работници прават огромни напори да допрат до што е можно поголем број погодени лица. На брифинг во Манила, портпаролката Орла Фаган рече дека на 10 до 12 милиони луѓе им е потребна помош откако Хаијан ги погоди Филипините на 8-ми ноември. Според ОН, спасувачките операции ги отежнува разрушената инфраструктура, прекините на електрична енергија, слаба комуникациска мрежа и непроодните предели.
XS
SM
MD
LG