Метеоролозите велат дека тајфунот Хајен, што ги погоди Филипините во петокот и остави пусточ во голем регион на Јужна Азија е најверојатно досега најсилната ваква бура воопшто регистирана. Многумина се прашуваат дали најлошото допрва доаѓа?
Редли Хортон, научник за климатски промени при Универзитетот Колумбија во Њујорк вели дека проблемот е комплексен.
„Ако се анализираат климатските промени, ќе следат поекстремни временски услови и со тоа и нашата ранливост. Со зголемувањето на емисијата на издувни гасови ќе се зголемува и температурата во атмосферата. Топлото време влијае и за кревањето на морското ниво поради топењето на мразот“, вели Хортон.
Немирното море, засилено со моќните ветришта предизвикани од тајфун, како што е Хајен, може да предизвикаат пораст на нивото на водата, што е закана за островите и крајбежјето што е пониско.
Адам Собел е атмосферски научник при Опсерваторијата на Колумбија. Тој повлекува паралела на механизмот кој го движи тајфунот со мотор на бензин кој го движи автомобилот:
„Автомобилот добива енергија од топлината, која произлегува од согореното гориво. Во случајот на тафунот, топлината доаѓа од океански води и се крева во горните слоеви на атмосферата, каде е студено.
Моќта на бурата зависи од разликата на температурата меѓу затоплената океанска вода и студената горна атмосфера“, вели научникот Собел.
Собел додава дека фрекфенцијата на тајфуни нема да се зголеми со затоплувањето на океаните, но има друга опасност.
„Сметаме дека тајфуните ќе бидат посилни. Шансата за уште еден тајфун од типот на Хајен, што е особено моќен, ќе се зголеми“, вели тој.
Редли Хортон додава дека има други елементи кои можеби ќе ја одредат силата на идните тајфуни:
„Ќе зависат од јачината на ветрот, од атмосферската температура, од тоа што ќе се случи со прашината во атмосферата. За сите тие прашања бараме одговори“.
Но едно се чини сигурно. Научниците Хортон, Собел и повеќето од нивните колеги се согласни дека нема добра алтернатива за забавување на емисијата на издувни гасови. Зашто, тоа неминовно носи кревање на морското ниво, а тоа ќе значи крај на животот каков што до сега го знаеле милиони луѓе.
Редли Хортон, научник за климатски промени при Универзитетот Колумбија во Њујорк вели дека проблемот е комплексен.
„Ако се анализираат климатските промени, ќе следат поекстремни временски услови и со тоа и нашата ранливост. Со зголемувањето на емисијата на издувни гасови ќе се зголемува и температурата во атмосферата. Топлото време влијае и за кревањето на морското ниво поради топењето на мразот“, вели Хортон.
Немирното море, засилено со моќните ветришта предизвикани од тајфун, како што е Хајен, може да предизвикаат пораст на нивото на водата, што е закана за островите и крајбежјето што е пониско.
Адам Собел е атмосферски научник при Опсерваторијата на Колумбија. Тој повлекува паралела на механизмот кој го движи тајфунот со мотор на бензин кој го движи автомобилот:
Моќта на бурата зависи од разликата на температурата меѓу затоплената океанска вода и студената горна атмосфераАдам Собел, атмосферски научник