Линкови за пристапност

Северна Македонија: Очекувања и нови тактики за гласањето во Парламентот за доверба на владата?


Нови тактики пред гласањето во Парламентот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Нови тактики пред гласањето во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ во обид да одоброволи некои од пратениците - Албанци кои не секаат, на заеднички документ со кој се бара смена на владата, да фигурираат со Левица, најави нов пристап – видоизменета иницијатива.

Утре ќе се гласа за доверба на владата, но прашање е по која иницијатива – дали по онаа поднесената, поддржана од 61 пратеник, или некоја друга, коригирана. Политичкото прашање дали владата на Заев ќе опстане доби правна димензија.

ВМРО-ДПМНЕ во обид да одоброволи некои од пратениците - Албанци кои не секаат, на заеднички документ со кој се бара смена на владата, да фигурираат со Левица, најави нов пристап – видоизменета иницијатива.

Ќе направиме техничка корекција која на одредени пратеници ќе им даде простор, а кои имаа забелешки, да се пронајдат себе си во списокот и да гласаат против владата на Заев.
Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ


„Иницијативата останува, а деловникот дозволува истата технички да биде коригирана без да бидат направени пореметувања во роковите за нејзиното гласање. Ќе направиме техничка корекција која на одредени пратеници ќе им даде простор, а кои имаа забелешки, да се пронајдат себе си во списокот и да гласаат против владата на Заев. Иницијативата ќе биде технички коригирана и ќе остане во процедура и ќе се гласа в четврток, а на неа ќе има помалку потписи од почетокот – 61, а ќе има повеќе од 61 глас за недоверба на владата.“, коментира Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Милошоски го вели е дека на иницијативата за гласање недоверба ќе ги нема или двајцата пратеници на Левица, или имињата на некои пратеници од албанските партии, додека на чинот на гласањето сите тие, како што тој вели, ќе бидат „за“.

Промената во тактиката на ВМРО-ДПМНЕ, која вчера најави целосно нова иницијатива, следи откако спикерот Џафери ја опомена опозицијата дека иницијатива е веќе отпочната и дека таа не може да се менува. Но, прашање е дали тој утре ќе дозволи преиначување на веќе отворената иницијатива.

Паралелно со зголемувањето на притисокот на опозицијата, владејачкиот СДСМ прави обиди за внатрешна консолидација по сериозниот пораз на локалните избори и најавата на Зоран Заев за негово повлекување. Доцна синоќа, врвот на социјалдемократите, едногласно, донесе одлука за одложување на оставките на Заев се до нормализирање на политичката ситуација во земјата.

Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви октомври, вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинството и ако може да се зголеми.
Заев, премиер и лидер на СДСМ


„Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви октомври, вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинството и ако може да се зголеми. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите.“, изјави Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ.

Утре е закажана собраниската седница со единствена точка на дневниот ред – прашање за доверба на владата. За да се изгласа недоверба потребни се најмалку 61 пратеник. Ако тоа мнозинство не се обезбеди тогаш Уставот нормира дека, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници“, или преведено во бројки - најмалку 61 пратеник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG