СКОПЈЕ -185 новозаболени и единаесет жртви е црниот биланс од епидемијата но коронавирус во последното деноноќие. Бројката на жртви се искачи на 233 а во моментов активни се 2.868 случаи. Од единаесетте починати, осуммина се од Скопје.
„Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г). Во Општта болница воКуманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во Клиничката болница во Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни“, соопштија од министерството за здравство.
И денеска најголем број од новите случаи се во Скопје – 96. Меѓу заболените е и градоначалникот Петре Шилегов, кој ја инфромираше јавноста преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, напиша Шилегов.
Истовремено, четворица вработени во Антикорупциската комисија се позитивни на коронавирус а останатите членови на Комисијата допрва ќе се тестираат.
Денеска идерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека и неговата мајка е позитивна на Ковид-19 и додаде дека извесен период немал никаков контак со неа поради своите работни обврски и голем број на контакти на дневна база.
Бројките на заболени веќе две недели се троцифрени а болниците забрзано се полнат со пациенти. Во моментов хоспитализирани се 364 пациенти. Монтажната болница поставена до Инфективната клиника веќе е ставен во погон а Детската Болница во Козле се подготвува за втор Ковид центар со капацитет од 70 легла.
На Инфективната клиника има 101 пациент од кои 46 се на кислородна поддршка, во Градската болница „8 септември“ се хоспитализирани 33 пациенти од кои петмина се на респиратор.
„ Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од здравство.
Скопје е најголемото жариште со 1.653 активни случаи. Во градот има педесетина кластери а критични се општините Чаир каде има 363 случаи, Гази Баба со 148 заболени, Бутел со 133,Аеродром со 129, Центар со 126, Сарај со еден помалку – 125 иКарпош каде има 115 заболени.
Голем број на заболени има во Тетово – вкупно 316. Во Штип има 264 активни случаи авирусот се прошири меѓу вработените во текстилната индустрија бидејќи сопствениците на конфекциите не ги почитуваа пропишаните мерки за транспорт на работниците и користеа ист автобус наместо секоја конфекција одделно. Во Куманово има 229 заболени а голем дел се во Липковскиот крај.Загрижува податокот што во текот на вчерашниот ден се откриени 18 позитивни на коронавирус во Дебар кој речиси еден месец беше без активни случаи. Во Струга има 90 заболени, Охрид - 78 а во Ресен 56 случаи.
Само четири града во македонија немаат активни случаи а тоа се Виница, Делчево, Демир Хисар и Радовиш.
Во последните 24 часа нови 627 лица се во карантин.
„На 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 659 прекршоци“, информираат од МВР.
Од министерството за здравство сеуште не се објавени јавно идентитетите на околу 450 лица за кои има решенија за изолација а не ги примиле бидејќи дале лажни податоци, адреси и телефонски броеви или пак одбиле да ги земат.
Facebook Forum