Здравствените работници во британските болници ќе бидат први учесници во глобалната мисија со тестирање на анти-маларичните лекови хлороквин и хидроксихлорокин за да се уверат дали може да бидат користени за лекување и спречување на КОВИД-19.
Универзитетот на Оксфорд ја предводи студијата. Ќе бидат тестирани над 40.000 здравствени работници во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка, како и 25 локации во Британија, јави Ројтерс.
Сите здравствени работници коишто не се заразиле од Ковид-19, може да учествуваат во тестирањето.
Интересот за овој лек се интензивира откако претседателот Трамп на прес-конференција во април се осврна за корисноста на овој лек.
Тој, во понеделникот пред новинарите изјави дека зема лек против маларија како превенција и секојдневно комбинира хидроксихлорохин со цинк и редовно на тестирање за
Нема докази дека земањето на лекот може да спречи луѓето да бидат заразени од коронавирус.
„Нема да бидам повреден од тоа“, тврди Трамп. „Поминаа околу 40 години како се користи - за маларија, лупус, за други работи. Го земам. Фронталните работници го земаат. Многу лекари го земаат“, изјави претседателот.
Facebook Forum