Властите на Аргентина го поздравија производството на брз и поевтин тест за коронавирус, за кој научниците велат дека покажува резултати за помалку од два часа.
Новиот тест чини околу осум долари, и е направен со јавно-приватно партнерство.
Епидемиолозите, кои биле вклучени во производството на тестот, велат дека тој е уникатен, бидејќи би можел да се користи надвор од болница за масовно тестирање.
Тестот функционира на тој начин што брисот на пациентот се меша со течност, која добива виолетова боја, доколку лицето е негативно, и сина боја доколку е позитивно.
Агенцијата Ројтерс објави дека Владата на Аргентина планира да ги направите првите 10.000 теста достапни на национално ниво во наредните десет дена.
Досега, Аргентина има повеќе од 9.200 заразени лица, и 203 смртни случаи.
Facebook Forum