Линкови за пристапност

Димитров на „Отворен Балкан“ во Белград: Северна Македонија треба да остане во оваа иницијатива


Димитров на Отворен Балкан во Белград
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Димитров на Отворен Балкан во Белград

А чекорот што на домашната политичка сцена го повлече ВМРО-ДПМНЕ е барањето за предвремени избори кое го аргументира со добриот резултат на локалните избори наспроти лош скор на владејачкиот СДСМ.

Најавата за повлекување на Зоран Заев од премиерската функција добива регионални димензии.

Едно од прашањата до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, кој го замени Заев на денешната средба на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград, беше колку политичката ситуација во Северна Македонија, настаната по поразот на власта на локалните избори, е ризик за земјата и за регионалните партнерства.

Не гледам баш никаков брз ризик во оваа смисла и мислам дека мојата држава – Северна Македонија треба да остане во оваа иницијатива, важна е за нас, важна е за регионот и мислам дека е важна и за европската иднина на регионот
Димитров, вицепремиер


„Ризикот во однос на политичката ситуација, политичката криза и можеби ставовите на лидерот на опозицијата, интересно е што го спомнавте зборот ризик и името на лидерот на опозицијата во иста реченица, во мојот ум често асоцијациите се такви и мислам дека ние во македонскиот политички натпревар уште не сме таму да се тркаме во ист правец. Не гледам баш никаков брз ризик во оваа смисла и мислам дека мојата држава – Северна Македонија треба да остане во оваа иницијатива, важна е за нас, важна е за регионот и мислам дека е важна и за европската иднина на регионот, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.

Освен во Белград, за значењето на регионалните иницијативи и потребата од засилена соработка, независно од тоа кој е на власт, се зборуваше и во Скопје на состанокот на министрите за одбрана од Југоисточна Европа.

„Денеска сме тука да дадеме одговор, како лидери кои треба да го покажат патот на соработка и заедништво, како лидери кои ќе повлечат чекор и да го повлечеме чекорот кој навистина ќе вроди резултат. Како што велат „најтешкиот пат започнува токму со првиот чекор.“, истакна Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Северна Македонија.

А чекорот што на домашната политичка сцена го повлече ВМРО-ДПМНЕ е барањето за предвремени избори кое го аргументира со добриот резултат на локалните избори наспроти лош скор на владејачкиот СДСМ.

Народот избра нов правец, и таквата негова волја најдобро ќе се ефектуира со нова прераспределба на силите во Собранието.
Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ


„Народот на изборите во недела јасно се изјасни за промени, и во огромен број ја даде својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Народот избра нов правец, и таквата негова волја најдобро ќе се ефектуира со нова прераспределба на силите во собранието, преку нови предвремени избори и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, оцени Драган Ковачки, ВМРО-ДППНЕ.

„Парламентарното мнозинство е стабилно и нема да ја става државата во ризик и затоа нема да гласа за брзи предвремени избори“, е повторениот одговор од СДСМ.

Додека двата табора јавно си праќаат пораки за тоа што треба да се случува во наредниот период, продолжуваат консултациите на ниво на владините партнери за потенцијалниот наследник на Заев. Неофицијално, во игра биле неколку имиња како можни решенија кои засега јавно не се откриваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG