Мрежите за социјализирање како Фејсбук и Твитер ги нарекуваме „социјални медиуми.“ Но, некои експерти тврдат дека нивна прекумерна употреба всушност не прави помалку социјални, дури и анти-социјални личности. Според нив, таквата комуникација во голем дел е егоцентрична со објавување на одредени тајни коментари од приватниот живот, без притоа да се надоврзат на проблемите на другите.
Сепак, најнова студија во која биле вклучени преку 2.200 возрасни Американци покажува дека оние кои ги користат овие веб-страници, се сметаат за луѓе на кои може да им се верува, имаат поблиски пријателства, добиваат поголема поддршка од тие пријатели и се` поупатени во политичките случувања споредено со останатите Американци.
Во студијата на Центарот за истражување Пју се додава и она што на сите ни е веќе познато – дека конкретно Фејсбук помогнал неговите корисници да се поврзат со пријатели од средношколските денови или да обноват стари пријателства.
Голем дел од шпекулациите за влијанието на мрежите за социјализирање се фокусираат и на можноста за нанесување штета на приватните врски на корисниците, и нивна потенцијална изолираност од остатокот од светот, вели Кит Хемптон, професор по комуникации на Универзитот Пенсилванија и главен автор на студијата.
„Го откривме спротивното“, вели тој, „луѓето кои ги користат мрежите како Фејсбук, всушност имаат поблиски пријателства и постои поголема веројатност во граѓанските и политичките активности.“