Линкови за пристапност

Отворени Олимписките игри во Токио


Темата на церемонијата е „Обединети преку емоција“, за кои се сметаат едни од најмалку вообичаени Олимписки игри во модерното време.

По една година одложување поради пандемијата, Олимпијадата во Токио е отворена со свечена церемонија.

Иако десетици илјади седишта се празни на Олимпискиот стадион во Токио, околу 900 официјални лица од држави присуствуваа на настанот.

Темата на церемонијата е „Обединети преку емоција“, за кои се сметаат едни од најмалку вообичаени Олимписки игри во модерното време.

Отворањето на Игрите е придружено со традиционалниот огномет, снимки од беспилотни летала од стадионот, музички изведби. Олимпијците ќе маршираат со знамињата од нивните држави, за време на парадата со помал и ограничен број учесници, поради мерките за социјално дистанцирање.


„Најмалку еден, евентуално два метри на социјално дистанцирање ќе биде норма, а сите олимпијци мора да носат маски во секое време“, изјави Хидемаса Накумура, официјален претставник во организациониот табор на Игрите во Токио.

Јавноста во Јапонија нашироко се противеше на одржувањето на Олимпијадата, стравувајќи дека само дополнително ќе се влоши и онака нестабилната состојба со ширењето на коронавирусот.

Токио синоќа јави за речиси 2000 нови случаи на Коивд-19, што е највисока бројка во последните шест месеци, а метрополата веќе се наоѓа во вонредна состојба.

Насекаде низ градот, јавните места каде може да се соберат посетители, се затворени и се откажани. Баровите нема да служат алкохол. Носењето на Олимпискиот факел е заменето со церемонија, он-лајн.

Засега 106-лица поврзани со Олимпјадата се позитивни на Ковид-19.

((https://gtimg.tokyo2020.org/image/upload/production/zraf9ouxsygflwszeius.pdf)).

Тоа вклучува неколку Олимпијци, чии сништа за постигнување добри резултати и натпреварување со најдобрите во светот, се урнати.

Сепак, властите во Олимпиското село, каде се наоѓаат спортистите од целиот свет, ги намалија стравувањата, истакнувајќи дека стапката на заразени е на ниско ниво.

„Нема место во светот, каде нема случаи со вирусот. Тоа е невозможно. Важно е брзо да се идентификуваат и изолираат евентуални случаи и да ги направиме Игрите што е можно побезбедни“, изјави Хидемаса Накумура, официјален претставник во организациониот табор на Игрите во Токио.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG