Линкови за пристапност

Најстарата маратонка го заврши 16-от маратон


Хариета Томпсон има 92 години, а започнала да трча маратони кога била во 70-те години

Деведесет и двегодишна жена во неделата стана најстара жена која ја минала целта на маратонот Рок-ен-рол во Сан Диего.

Хариета Томпсон имала 92 години и 65 дена кога ја минала целта. Претходната носителка на титулата беше Гледис Бурил – која имала 92 години и 19 денови кога го завршила маратонот во Хонолулу.

Томпсон е родум од Шарлот, Северна Каролина. Не трчала на маратони се` до нејзините 70-ти години, кога член на нејзината црква и` пристапил со понуда да биде еден од нејзините спонзори во маратон за собирање средства за борбата против леукемија и лимфома.

Ова било нејзино 16-то учество на маратонот во Сан Диего и завршила 17 минути со подобро време од лани.

Таа го истрчала маратонот за седум часа, седум минути и 42 секунди – што е светски рекорд за жени над 90 години.

Вели дека ќе трча се` до 100 години, но призна дека била изненадена и среќна дека ја минала целта на маратонот во неделата во Сан Диего.

XS
SM
MD
LG