Линкови за пристапност

Планот на Обама за креирање работни места тежок 450 милијарди долари


Планот на Обама за креирање работни места тежок 450 милијарди долари
Планот на Обама за креирање работни места тежок 450 милијарди долари

Тој истакна дека САД се наоѓаат во „национална криза“ и повика на итна акција за заживување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Претседателот Барак Обама синоќа во ударен термин го претстави Американскиот акт за работни места во говор пред обата дома на Конгресот. Тој истакна дека САД се наоѓаат во „национална криза“ и повика на итна акција за заживување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

За време на обраќањето, Обама ја истакна важноста од ставање крај на партиската политика и ги повика законодавците да преземат чекори за да и` се помогне на економијата.

„Народот во оваа земја работи напорно за да ги исполни своите обврски. Прашањето сега е дали ние ќе ги исполниме нашите? Прашањето е, дали во време на национална криза, можеме да го спречиме политичкиот циркуз и да сториме нешто да и` помогнеме на економијата?“, истакна американскиот лидер.

Обама истакна дека неговиот предлог вклучува скратување на даноците за работниците и бизнисите што ќе води кон креирање на нови работни места за повеќе професии.

„Ќе значи нови работни места за градежните работници, наставниците, ветераните, младите и оние кои подолго време се невработени. Ќе овозможи даночни олеснувања за компаниите кои ќе ангажираат нови работници, за сопствениците на мали бизниси и за средната класа. Овој акт нема да биде товар за дефицитот, туку ќе помогне за негова исплата“, подвлече Обама.

Републиканците засега немаат официјален одговор на мерката на претседателот, но републиканската конгресменка и кандидатка за претседателска номинација од редовите на партијата, Мишел Бакман, обраќањето на претседателот го нарече уште еден политички говор, без нови предлози.

Претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер, пак истакна дека предлозите на претседателот Обама вреди да бидат разгледани.

Во моментов во САД има 14 милиони невработени, милиони се ангажирани со скратено работно време или на работни места за кои сметаат дека се под нивните квалификации.

XS
SM
MD
LG