Американскиот претседател Барак Обама вечерва ударен термин пред обата дома на Конгресот ќе одржи говор за неговите планови за поттикнување на американската економија и креирање на нови работни места.
Берзите во Европа и САД забележаа благ пад во средата, особено по шпекулациите дека говорот може да содржи предлози за стимулирање на економијата.
Според портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, претседателот се очекува да ги повика законодавците брзо да реагираат на неговите предлози.