Линкови за пристапност

Обама: Намалувањето на кредитниот рејтинг – нов поттик за итно реагирање по дефицитот


Обама: Намалувањето на кредитниот рејтинг – нов поттик за итно реагирање по дефицитот
Обама: Намалувањето на кредитниот рејтинг – нов поттик за итно реагирање по дефицитот

Американскиот претседател не се согласува со одлуката, но подвлекува дека е легитимен извор за загриженост

Американскиот претседател Барак Обама вели дека се надева оти минатонеделното намалување на кредитниот рејтинг на САД на законодавците им дава „обновено чувство за ургентност“ да се согласат на поголеми скратувања на буџетскиот дефицит.

Обама го повтори повикот за зголемување на даноците на богатите Американци и, како што ги нарече, „скромните прилагодувања“ во скапите владини програми за здравствено осигурување, со цел да се намали јазот меѓу владините приходи и трошоци.

Претседателот беше дециден дека не се согласува со одлуката на агенцијата Стандард енд Пурс да го намали кредитниот рејтинг на САД од трикратно А на АА+ и дека пазарите „и натаму веруваат дека кредитниот рејтинг на САД е трикратно А. Тој сепак подвлече дека намалувањето на кредитниот рејтинг сепак претставува „легитимен извор на загриженост“ за способноста на американските политичари да донесат тешки одлуки потребни за долгорочно намалување на дефицитот во земјата.

XS
SM
MD
LG