Американскиот претседател Барак Обама пристигна во ненајавена посета на Авганистан за да ја одбележи годишнината од убиството на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен.
Според очекувањата, Обама и авганистанскиот колега Хамид Карзаи ќе потпишат договор за стратешко партнерство со што би се обезбедиле услови за американското присуство во Авганистан и по заминувањето на американските и силите на НАТО во 2014-та година.
Обама пристигна во базата Баграм попладнево по американско време и веднаш со хеликоптер замина за Кабул, на средба со Карзаи. Обама планира вечерва од Баграм во живо да се обрати до американскиот народ.