„Подобро е пократо време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствeниот систем“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Оваа изјава на првиот човек на МВР го навести новиот полициски час - заострувањето на рестриктивните мерки ги засили и барањата на дел од партиите и организациите за стопирање на пописот и негово одложување. Денеска беа обелоденети две иницијативи, иако под исто име, сепак независни една од друга, а со иста цел - одложување на пописот за догодина. Националниот блок „Не отворам врата“ во Собранието поднесе закон за поништување на законот според кој се одвива актуелниот попис. Една од главните причини зошто ова се бара е пандемијата и зголемувањето на бројот на новозаразени.
Надвор од секаква логика е... Заедно не можат да одат попис и полициски час. Ние веруваме дека пратениците ќе покажат лидерство, ќе го израдуваат народот со единство и ќе ја прифатат нашата иницијатива и во едно помирно време, без опасност од зараза, да спроведеме попис за кој никој ќе нема забелешка.Бачев, Национален блок „Не отворам врата“
„Надвор од секаква логика е... Заедно не можат да одат попис и полициски час. Ние веруваме дека пратениците ќе покажат лидерство, ќе го израдуваат народот со единство и ќе ја прифатат нашата иницијатива и во едно помирно време, без опасност од зараза, да спроведеме попис за кој никој ќе нема забелешка. Сега најбитно е здравјето на народот, а гледаме дека секој ден бројката на заразени и починати се зголемува.“, истакна Јанко Бачев, Национален блок, „Не отворам врата“.
Речиси, истовремено, во Собранието, „Левица“ најави кампања под истото име „Не отворам врата“ за стопирање на пописот за којм сметаат дека бил политички намтенат и дека нема да биде статистичка операција.
Во ситуација кога имате една од најголемите смртности во регионот, имате по 300-400 новозаболени на ден, за утре се најавуваат нови рестрикции во движење, а вие да туркате ваков процес е апсолутно недозволивоКрмов, Левица
„Во ситуација кога имате една од најголемите смртности во регионот, имате по 300-400 новозаболени на ден, за утре се најавуваат нови рестрикции во движење, а вие да туркате ваков процес е апсолутно недозволиво и ние ќе направиме се да го спречиме.“, изјави Борислав Крмов, Левица.
И главната опозицикса партија ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена, поднесе предлог-законот за поништување на Законот за попис. Надлежните, и покрај влошувањето на ситуацијата со ковид-19 во земјата, засега не планираат одложување на пописот кој теренски треба да се спроведе од 1 до 21 април. Сега тече самопопишувањето на дијаспората преку апликацијата на Државниот завод за статистика.
Facebook Forum