Линкови за пристапност

Владата одлучи – од утре на сила полициски час!


Полицискиот час ќе трае до 22 март. Се воведува задолжителен карантин за сите граѓани кои доаѓаат од Африка. Во последното деноноќие дури 22 пациенти ја загубија битката со вирусот а регистрирани 872 новозаболени.Во Ковид центрите и на инфективните одделенија се хоспитализирани 899 пациенти

СКОПЈЕ – Комисијата за заразни болести предложи, Владата прифати. Од утре на сила стапува полициски час од 22 часот навечр до 5 часот наутро и ќе трае до 22 март.Одлуката се должи на порастот на бројката на новозаболени но и хоспитализирани поради ширењето на т.н. „британски сој“ на Ковид-19.

Премиерот Зоран Заев кој ја соопшти одлуката апелираше до граѓаните за максимално почитување на одлуките и најави засилени полициски и инспекциски контроли бидејќи, според него, граѓаните не ги почитуваат мерките како носење заштитна маска и групирање.

„Се очекува угостителските објекти – рестораните, строго да ги почитуваат мерките и за тоа се дадени посебни инструкции за позасилени контроли. Целта е, државата да продолжи економски да живее, а да ги „паркираме“ младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, незнаејќи некогаш дека се заразени од Ковид 19, но и за стабилизирање и намалување на растот на бројките евидентен во последните денови“, рече премиерот Заев и додаде дека Комисијата ќе ја следи состојбата бидејќи наредниот месец следуваат рамазанските пости и Велигденските празници.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.

Од Владата соопштија дека на граѓаните на кои минатата година им беа издадени дозволи за движење вфажноста ќе им се обнови. Како и за полициските часови кои беа на сила минатата година дозволено движење ќе имаат граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа.

На денешната седница Владата донесе уредба според која патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневен карантин.

Одлуката за воведување на полициски час, иако не е изненадување, предизвика голем број на реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

А епидемијата на коронавирусот повторно се шири низ државата. Бројките на новозаболени од ден во ден се зголемуваат а капацитетите на болниците се приближуваат кон максимална исполнетост.

Во последното деноноќие се регистрирани дури 22 жртви и 872 новозаболени а направени се 3.394 тестирања од кои 25,6 отсто се позитивни. Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 322 а како активни се водат 9.300 случаи.

Според официјалните податоци од министерството за здравство во моментов хоспитализирани се 899 лица. Модуларната болница која беше вакцинален пункт, повторно е е вратена во функција за да се намали притисокот во двата Ковид центри – Инфективната Клиника и Градската болница „* септември“. Во неколку градови болничките капацитети се речиси целосно исполенти а состојбата со заболени е критична во Скопје, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп и Охрид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG