Северна Кореја само годинава изврши осум тестови на проектили, последниот од подморница неделава лансираше балистичка ракета. Но, во Јужна Кореја, која најмногу може да загуби од евентуален конфликт со Северот, граѓаните не се претерано загрижени.
Видео-снимките коишто постојано се повторуваат по меѓународните медиуми, а доаѓаат до Северна Кореја, честопати креираат чувство на криза, особено кога врските меѓу САД и Северна Кореја, се на мошне ниско ниво.
Но, во Јужна Кореја, дури и во време на зајакнати дипломатски тензии, не се доживуваат како вонредни околности.
„Првата помисла ми е – еве, повторно го прават, истото“, вели Јо Јеџин, 16 годишен жител на Сеул, еден ден по последниот тест на Северна Кореја.
Тој вели дека жителите на Јужна Кореја, сериозно не ги сфаќаат тестирањата од страна на Северот.
Facebook Forum