Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за хемија


Добитници се Швеѓанецот Томас Линдал, Американецот Пол Модрик и Турчинот Азиз Санкар

Комисијата за нобелова награда во Стокхолм ја додели овогодишната Нобелова награда за хемија на тројца научници за нивната работа на поправање на човечката ДНК, што може да биде корисно при третманот на рак.

Добитници се Швеѓанецот Томас Линдал, Американецот Пол Модрик и Турчинот Азиз Санкар. Модрик и Санкар работеле во универзитети во американската сојузна држава Северна Каролина.

Добитниците ќе поделат парична награда на секого ќе му доделено признание на свечена церемонија во Осло и во Стокхолм во декември.

XS
SM
MD
LG