Белата куќа објави дека 10% од децата на возраст меѓу 5 и 11 години примиле прва доза на Фајзер против Ковид-19 по одобрувањето на вакцината за оваа возрасна група пред две недели, објави Асошиејтед прес.
Според АП, најмалку 2,6 милиони деца примиле прва доза, потврди координаторот Џеф Зиентс, со 1,7 милиони дози доставени само минатата недела. Тоа е три пати побрза стапка на вакцинирање споредено со возрасните на почетокот од кампањата за вакцинација пред 11 месеци.
Зиентс изјави дека има 30.000 локации ширум нацијата, зголемување за 10.000 нови од минатата недела. Администрацијата очекува да се зголеми процентот на вакцинирани деца во следните денови.
Децата кои примиле прва доза до крајот на ова недела, ќе бидат целосно вакцинирани до Божиќ.
Центарот за контрола и превенција на болести објави како се одвива стапката на вакцинирање меѓу најмладите по сојузните држави. Во Колорадо, Јута и Илиноис таа изнесува 11-12%, но е значително помала во Тенеси – 5%, Ајдахо, 4% и Вајоминг 4%.
Белата куќа ги интензивираа напорите за промовирање на кампањата за вакцинација на најмладите. Првата дама Џил Бајден и пејачката Кјара во снимена порака ги охрабруваат децата да се вакцинираат.
Facebook Forum