Линкови за пристапност

Позитивни вести од берзите: по азиските, и во САД, скок во тргувањето


Позитивниот ден од берзите во Азија се одрази и во САД. На тргувањето на Вол стрит, Dow Jones и S&P инкасираа позитивен баланс од 3,4%, додека Nasdaq имаше пораст од 2,6%.

Азиските берзи регистрираа пораст во време кога инвеститорите изразија надеж дека наближува пикот со пандемијата на коронавирусот.


Австралискиот Индекс S&P/ASX заработи 3,5% на крајот од денешниот ден на тргување, а позитивно салдо регистрираа и Хонг Конг, Сеул, Шангај и Мумбаи.

Јапонскиот индекс Nikkei загуби дел од еден процент затоа што оваа земја се соочува со растечки број на потврдени случаи на КОВИД-19.

Позитивниот ден од берзите во Азија се одрази и во САД. На тргувањето на Вол стрит, Dow Jones и S&P инкасираа позитивен баланс од 3,4%, додека Nasdaq имаше пораст од 2,6%.

Добри вести и од пазарот на тргување со нафта. Еден барел сурова нафта се продаваше за 25 долари, или скок од 3%.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG