Жителите на Нов Зеланд излегоа по ресторани и кафе-барови за да прослават официјалниот крај на долгиот карантин поради коронавирусот.
По повеќе од два месеци рестрикции што го попречија секојдневниот живот, премиерката Јасинда Ардерн, го намали карантинот од четврта фаза воведен во март, на најниско ниво, со што се укинуваат рестрикциите за сите јавни собири, вклучувајќи спортски настани и свадби, иако Нов Зеланд и натаму е затворен за меѓународни туристи.
Нов Зеланд има 1504 потврдени случаи на коронавирус и 22 починати на пет милиони жители, според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.
Нова студија покажа дека рестриктивните мерки и карантинот ширум светот спречил милиони жртви од коронавирусот.
Кралскиот колеџ во Лондон објави дека затворањето на сите бизниси и мерките за седење дома спасиле околу 3 милиони животи во 11 држави – Австрија, Белгија, Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Друго истражување покажа дека рестриктивните мерки во Кина, Франција, Италија, Јужна Кореја и САД спречиле заразување на уште 530 милиони луѓе од Ковид-19.
Facebook Forum