Линкови за пристапност

Подем на етнички и независни медиуми во Њујорк


Подем на етнички и независни медиуми во Њујорк
Подем на етнички и независни медиуми во Њујорк

Етничките и независни медиуми во Њујорк имаат улога на адвокати за одредени прашања, тие се образувачи и известувачи

Секоја година, најдобрите репортери, фотографи и уредници на етничките и независни медиуми се наградуваат со признанија од њујоршката Алијанса на медиумските заедници.

Директорот Хуана Понсаи де Лејон објаснува дека етничките весници честопати служат како поборници за интересите на своите заедници, но и како посредници меѓу читателите и општество во кое живеат.

Таа велидека нејзината организација ги охрабрува репортерите да понудат практичен водич за нивните читатели, слушатели и гледачи:

“Им помага на заедниците да дознаат каде да се обратат за нивните проблеми. Не е доволно само да кажеме дека нема доволно преведувачи во Одделот за образование. Подобро е да кажеме дека не само што постојат такви услуги, туку ако не ги добивате, може да ги побарате“.

Етничките медиуми на членовите на тие заедници честопати служат како практични прирачници. Ова е Хелен Зелон, добитник на награда од 2011:

„Мислам дека етничките медиуми се најуспешни кога им објаснуваат на луѓето практични работи – што се случува кога вашето дете тргнува на училиште, како оди процесот на изнајмување, и слично“.

Зелон пишува за магазинот Сити Лимитс, журнал за јавната политиката. Нејзин сектор е образованието:

„Медиумите се преплавени со текстови за расни прашања, за пари, политика, привилегии. Јас пишувам за состојбата на децата. За мене тоа е особено важно прашање, кое не добива големо медиумско покривање се` додека не се случи некоја катастрофа. Посебно внимание даваме на истражувачкото новинарство.“

Честопати етничките медиуми покриваат локални теми кои прераснуваат во големи прашања. На пример, добитничката на една од наградите, Шерон Томер, пишувала за детско игралиште со голема фискултурна сала, дизајнирана како затвор. Локалните жители чуствуваат дека поврзувањето на затворот со забава и играње е погрешна порака која им се испраќа на децата во нивните претежно афро-американски заедници.

Друг пример за темите што овие медиуми ги покриваат е пишувањето на Питер Мекдермот од весникот „Ајриш еко“. Тој бил награден за коментар за минатогодишната контроверза за предвидениот Исламски центар во близина на Граунд Зеро каде случајот го споредил со нередите од 19-то век против ирската заедница која сакала да гради црква во истото соседство:

Етичките весници играат витална ролја во Америка, според независниот прогресивен новинар Ејми Гудман:

„Со цел да обезбедите демократско општество, треба медиумски да ја покриете секоја заедница. Мислам дека медиумите може да бидат значајна сила за мир во светот, затоа што е форум за луѓето да зборуваат меѓусебе, да научат едни за други. Нема подобро место за тоа од Њујорк“.

Во време кога расте популацијата која е родена во странство, етничките весници се тука да останат.

XS
SM
MD
LG