Линкови за пристапност

Солидарност на дело: Парите предвидени за украсување на градовите, ќе ги наменат за борба против Ковид 19


Парите предвидени за украсување на градовите, ќе ги наменат за борба против Ковид 19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Некои од македонските општини годинава се одлучија за поскромно новогoдишно украсување.

Наместо за нови новогодишни украси, дел од македонските општини, дел од парите предвидени за украсување на градовите, ќе ги наменат за борба против Ковид 19. Некои, пак, за набавка на таблети за учениците, кои немаат технички можност за следење на он-лајн настава.

Свети Николе, со дел од парите за украсување на градот ќе набават таблети за оние ученици кои немаат услови за следење на он лајн настава.

Некои од македонските општини годинава се одлучија за поскромно новогoдишно украсување. Дел од парите предвидени за тоа, ќе ги искористат во борба со пандемијата од Ковид 19. Најголемиот туристички центар, Охрид со остатокот од средствата ќе и помогне на градската болница, каде се третираат пациенти инфицирани со корона вирусот.

Разликата од 600.000 денари ја пренаменивме во дел од средствата кои ќе бидат наменети за набавка на централен довод на кислород и кислородна станица за потребите на модуларната Ковид болница
Ѓеорѓиески, градоначалник на Охрид


„Имавме предвидено 1 милион и 800.000 денари за украсување. Оваа година потрошивме 1 милион и 200.000 за украсување. Разликата од 600.000 денари ја пренаменивме во дел од средствата кои ќе бидат наменети за набавка на централен довод на кислород и кислородна станица за потребите на модуларната Ковид болница која ќе се гради и целата општа болница“, вели Константин Ѓеорѓиески, градоначалник на Охрид

И покрај целата ситуација со Ковид 19, сепак, се решиле да го украсат градот, за да внесат како што вели градоначалникот, барем малку ведрина кај граѓаните.

„Едно нешто малку убаво да направиме во ова сивило кое не зафати сите. Барем малку да го разубавиме градот. Не можеме среќата на најмалите да им ја земеме“, оцени Константин Ѓеорѓиески, градоначалник на Охрид.

На ист чекор се одлучиле и во Крушево и Струмица.

Голем дел од материјално техничките средства кои ни стојат на располагање досега искористени, ги поставивме повторно во градот.
Христоски, градоначалник на Крушево


„Голем дел од средствата ги пренаменивме пред се за превенција на она што значи заштита од ширење на пандемијата и вирусот. Голем дел од материјално техничките средства кои ни стојат на располагање досега искористени, ги поставивме повторно во градот. Градот е украсен, скромно“, Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Општина Струмица, оваа година од буџетот од средствата пред се за новогодишно украсување одвои околу 1 милион денари, сума која ја пренаменува како донација кон општа болница Струмица
Јаневски, градоначалник на Струмица


„Општина Струмица, оваа година од буџетот од средствата пред се за новогодишно украсување одвои околу 1 милион денари, сума која ја пренаменува како донација кон општа болница Струмица, со цел поефикасно и побрзо справување со Ковид -19 кризата. Сметаме дека во ваква ситуација, кога предизвиците се појавуваат секојдневно, ваквите средства ќе овозможат болницата да може интервенто и поургентно да реагира“, вели Коста Јаневски, градоначалник на Струмица.

Според проценката и информацијата која ја добив од директорите на училиштата, околу педесет таблети.
Велковски, градоначалник на Свети Николе


„Според проценката и информацијата која ја добив од директорите на училиштата, околу педесет таблети. Се надевам дека во месец јануари ќе ги набавиме со јавна набавка и истите ќе ги донираме на децата, односно учениците. Пренамената на средства е потребно во овие моменти и ги употребуваме за оние кои се засегнати со ситуацијата од Ковид 19“, Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе.

Велковски вели дека со локалниот буџет предвиделе средства и за оспособување на две простории во здравствениот дом во градот за пружање на прва помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG