2021, според премиерот Зоран Заев, ќе биде година на економски квантен скок. Ваквите проценки Заев ги темели на показателите од 2020 која, како што рече, покажала дека и во услови на криза може да има реален раст на економијата.
Премиерот, во присуство на врвот на владиниот економски тим, кажа дека даночни проиходи во 2020 година се реализирани 96,7 отсто од планираното, дека директините даноци имаат остварување од 99,5 отсто и дека позитивен тренд бележат и придонесите кои биле исполнети два насто повеќе од планираното.
Вкупниот буџетски дефицит во 2020 бил 53,9 милијарди денари. Владата најави дека и во 2021 ќе продложи државната помош и мерки за најпогодените од пандемијата.
„Обезбедивме директна финансиска поддршка за околу 500.000 најпогодени граѓани од кризата. Придонесовме за зачувување на повеќе од 100.000 работни места и опфативме преку 20.000 претпријатија погодени од кризата со финансирање на платата два пати по три месеци. Обезбедивме и безакаматни поволни кредитни линии за малите и средните претпријатија“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Заев, пак, рече дека во новата година повторно ќе има помош за најпогодените од пандемијата.
„Државата е тука да им помогне на сите на кои им треба помош и да ги зачува работните места. Буџетот е избалансиран со фокус на здравствениот систем, економијата, капиталните инвестиции, системската и реформите во правосудството и евроинтеграциите. Буџетот е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците. Со подбар стандард ја носиме Европа дома, а тоа значи подобар живот за секој граѓанин, за секој поединец во Северна Македонија. 2021 е година на вистински предизвик, година на заживување на економијата, година на квантен економски скок за сите граѓани“, рече тој.
Facebook Forum